На дневен ред, велат француските власти, се тензиите околу Украина, за која американските власти веруваат дека може да се соочи со руска окупација на почетокот на следната година, како и приоритетите на Макрон за шестмесечното француско претседавање со Европската унија, што почнува на 1 јануари.
Макрон се уште ја нема претставено својата програма за Франција и на четири месеци пред претседателските избори тој официјално се уште не е официјален кандидат , иако вчера ја испорача својата визија за Европа.
Набројувајќи ги многуте проекти што тој има намера да ги спроведе – реформирање на Шенген зоната, унапредување на миграцискиот пакт, забрзување на изградбата на европска одбрана, „фундаментален ремонт“ на односите меѓу стариот континент и Африканската унија, „Изградба на нов европски модел на раст“, „преиспитување на буџетската рамка“, помирување на економскиот развој и климатската транзиција, регулирање на дигиталниот свет, … Макрон, се чини, ги игнорираше вистинските прерогативи дадени од претседавањето со Советот на ЕУ, како и неговата привремена природата.