Околу 50 лица веројатно го загубија животот во разорното торнадо што го погоди Кентаки доцна вчера и рано утринава, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, цитиран од Вашингтон пост.
Бешеар во интервју за локалната телевизија WLKY изјави дека бројот на загинати може да биде „биде значително поголем“.
-Информациите што доаѓаат се навистина болни, рече тој, пренесе „Пост“.
Си-Ен-Ен јавува дека невремето што од вчера вечер опустоши вкупно пет американски сојузни држави создаде најмалку 19 торнада, што предизвикаа огромни штети и дека има жртви и во другите држави.