Се инсталира нов најсовремен апарат за магнетна резонанца 1,5Tesla во Струмица, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Со новите магнетни резонанци овозможуваме примена на нови технологии во нашиот здравствен систем. За првпат здравствените установи добиваат апарати опремени со сите најсовремени модификации кои имаат значителна предност и за пациентите и за специјалистите од различни области, напиша во објавата Филипче.

Тој потсети дека минатата недела на Универзитетскиот институт за радиологија и радиотерапија се инсталирани две магнетни резонанци со јачина 3Tesla, а според него, целта е пациентите да добијат здравствени услуги како во европските центри.