Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Гевгелија од денеска ќе почне да се украсува без распишување тендер и без дополнителни трошоци затоа што е одлучено да се користат елките и украсите со кои располага општината, без да се трошат дополнителни средства од буџетот.
Градоначалникот Андон Сарамандов потврди дека поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на финансиски средства,било одлучено за украсување на градот и неговото централно подрачје да се користат Новогодишните украси со кои раполага општината така што и годинава нема да се скрати задоволството на децата и граѓаните да го почувствуваат Новогодишниот амбиент.
Новогодишното украсување на Гевгелија ќе го вршат екипи од ЈПКД „Комуналец“ кои од денеска почнуваат со поставувањето на Новогодишните украси и создавањето на традиционалниот автентичен празничен амбиент.