Расте интерсот, пред се кај повозрасната популација во општините Дебар и Центар Жупа, за имунизација со трета доза вакцина против Ковид-19.
-Во вакциналниот пунк, кој функционира во модуларната болница, дневно трета доза се аплицира во просек кај 50 лица од двете општини, пред се повозрасни и хронично болни. До сега со трета доза опфатени се над 600 граѓани, кои примаат вакцина на Фајзер, изјави за МИА, Баки Алили, директор на дебарската општа болница со проширена дејност.
Што се однесува до епидемиолошката состојба со коронавирусот, тој вели дека моментно нема активни на болеста.
-Овој месец немаме нови случаи на заразени, а двата случаи кои беа регистрирани минатиот месец се веќе закрепнати. Последниот во списокот на оздравени е внесен на девети месецов. Од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини опасниот вирус беше дијагностициран кај 1.456 лица, од нив за жал починаа над 80, додава Алили.
Според него иако во ковид-центарот во болницата нема пациенти сепак продолужува 24-часовното присуството на лекар и две медицински сестри.