Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг рече дека треба да се размисли за петто заклучување на градот.
Бидејќи Виена реши да ги отвори рестораните дури на 20 декември, Лудвиг преку социјалните мрежи сподели видео во кое ја објаснува одлуката.
„Не се работи само за следниот викенд, дали угостителите ќе можат да отворат во сабота или понеделник. Се трудам да бидам политичар кој гледа во иднината и не ги носам своите одлуки само за следниот викенд, туку за подолг период”, објасни Лудвиг.
Тој ги критикуваше и сојузните власти, велејќи дека смета дека е чудно што во криза која се повторува, не се делува систематски, туку се носат дневно-политички одлуки.
Лудвиг рече дека веќе се поставува прашањето дали угостителите ќе можат да отворат во февруари или март или ќе има петти бран.
„Мораме да размислиме за тоа”, порача градоначалникот на Виена.