Британскиот премиер Борис Џонсон утринава потврди дека едно лице починало како последица на заразување со Омикрон сојот на корона вирусот.

Веста доаѓа откако беше откриено дека десет пациенти се во британските болници со мутираната варијанта на вирусот.

Еден пациент почина од оваа варијанта во Велика Британија, откри денеска премиерот.

„За жал, да, омикрон предизвикува хоспитализации и за жал е потврдено дека најмалку еден пациент починал од омикрон“, рече Џонсон за време на посетата на клиниката за вакцинација во близина на Падингтон.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, засега нема потврдени смртни случаи од новата варијанта на корона вирусот, првпат откриен во Јужноафриканската Република.