Движењето за независност на Нова Каледонија денеска соопшти дека не го прифаќа исходот од вчерашниот референдум на кој мнозинство одлучи архипелагот да остане дел од француската територија.
Вчерашниот, референдум беше обележан и со рекордна воздржаност на граѓаните, особено откако сепаратистите повикаа на бојкот.
Од граѓаните кои излегоа на гласање 96 проценти се изјасниле против независноста, а 56 отсто биле воздржани бидејќи автохтоното население во Канак, кое се залага за независност, го бојкотираше референдумот.
Поддржувачите на независноста од Франција најавија дека нема да излезат на гласање, објаснувајќи дека е невозможно да се организира „фер кампања“ со оглед на тоа што архипелагот е погоден од пандемијата со Ковид-19 од септември, што може да го загрози слободното изјаснување.
Тоа беше трет референдум за независност на Нова Каледонија. На референдумите одржани на 4 октомври 2020 година и на 4 ноември 2018 година, против независноста се изјасниле 56,7 отсто од гласачите, односно 53,3 проценти.