Обновување на старото фудбалско игралиште на локалниот фудбалски клуб беше едно од приоритетните барања на жителите од валандовското село Пирава, каде моментно интензивно се работи на уредување на целосна спортска инфраструктура, потврдија од општина Валандово.

Посочија дека проектот, чија реализација е во тек, покрај обновување на теренот и неговата подлога, опфаќа уште изградба на нови трибини, соблекувални и целосно оградување на спортскиот комплекс.

– Пирава повторно ќе си ги добие условите за развој на сопствените спортски таленти. Ги реализараме граѓанските барања со кои суштински ги подобруваме состојбите во сите сфери на живеење, рече градоначалникот Перо Костадинов.

Со помош на Агенцијата за млади и спорт, рече Костадинов, во непосредна близина на новото игралиште во Пирава, ќе се изгради и фитнес зона која ќе им биде ставена на располагање на сите жители од населеното место.