Советот на општината Кавадарци го усвои Локалниот еколошки акционен план, на денешната седница, четврта по ред во новиот состав.

Претседателот на комисијата за екологија Павле Маневски, ги прочита заклучоците на оваа комисија,за дополнување на работните групи со членови на Советот, како и одржување на состаноци на работните групи најмалку еднаш на секои три месеци.

Советниците не го прифатија предлогот за зголемување на такси превоз во општината, доставен од такси превозници.

На седницата, меѓу другото, беше усвоена и предлог стратегијата на Општината, за соработка со граѓанските организации за периодот 2021-2025, со акциски план.