„Ова е јасен пример за тоа како федералната служба ја користи својата моќ да истражува контакти на новинари", рече Пејс.

Новинската агенција Асошиетед прес денеска побара одговори од американското Министерство за внатрешна безбедност за користењето доверливи владини податоци за следење на меѓународните терористи, со цел да се истражат 20 американски новинари, вклучително и репортер на АП.

Во писмото до министерот Алехандро Мајоркас, извршната директорка на АП, Џули Пејс побара од Министерството да објасни зошто новинарката Марта Мендоза, добитник на Пулицерова награда, ја има низ базите на податоци и зошто била идентификувана како потенцијален доверлив информатор за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Ова е јасен пример за тоа како федералната служба ја користи својата моќ да истражува контакти на новинари", рече Пејс.

Јаху њус и АП во саботата бјавија за истрагата на американските новинари, како и за персоналот од Конгресот.