Белорускиот суд осуди неколку критичари на режимот на претседателот Александар Лукашенко на долги затворски казни. Меѓу нив е и сопругот на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја.
Сергеј Тихановскиј, кој е во притвор околу 1,5 година осуден на 18 години затвор поради организирање на антивладини протести, поттикнување социјално непријателство, попречување на работата на Централната изборна комисија и организирање акции со што бил нарушен јавниот ред.
Друг познат опозиционер Николај Статкевич е осуден на 14 години затвор, а четворица други обвинети на 15 до 16 години затвор.