Повеќе од 40 луѓе загинаа во северниот дел на Хаити при експлозија на цистерна со бензин, соопштија денеска локалните власти.
Експлозијата се случила во градот Кап-Хаитиен, а властите на карипската држава засега не соопштуваат повеќе детали.
Локалните медиуми информираат дека десетици луѓе се хоспитализирани со повреди.