Израелските сили извршиле упад во кампус на универзитет во близина на Рамала во централниот Западен брег, пренесува агенцијата Анадолија.
Во соопштението на Универзитетот „Бирзеит" се наведува дека израелските сили ги нападнале чуварите на кампусот за време на упадот и го конфискувале имотот на студентите.
Универзитетот го осуди упадот, нагласувајќи дека тоа е „очигледен напад врз нормите и договорите кои забрануваат напади врз академски објекти".
Очевидци за агенцијата Анадолија изјавиле дека израелските сили ги конфискувале транспарентите и предметите од студентските блокови пред да ги напуштат просториите на кампусот.
По рацијата дошло до судири меѓу десетици цивили и израелските сили во околината на универзитетот, при што армијата употребила метални куршуми и солзавец за да ги растера студентите.
Блокот Студентски пол, студентскиот огранок на Народниот фронт за ослободување на Палестина (поврзан со Палестинската ослободителна организација), кој Израел го смета за терористичка организација, вчера организирал изложба во кампусот за да ја одбележи годишнината од основањето на фронтот