Цената на гасот во Европа денеска за првпат од октомври надмина 1.450 долари за 1.000 кубни метри, а неколку минути подоцна ја надмина цената од 1.500 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Цената за јануарските фјучерси во центарот TTF во Холандија достигна 1.424 долари за 1.000 кубни метри, но само 5 минути подоцна нагло порасна на 1.450 долари за 1.000 кубни метри, а нешто подоцна и 1.500 долари за 1.000 кубни метри.
На отворањето на берзите утринава, индексот ТТФ достигна 1.400 долари за 1.000 кубни метри, но потоа падна под 1.350 долари за 1.000 кубни метри.