Поради сообраќајна несреќа која се случила во 13:12 часот, затворен за сообраќај во двата правци е регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопштија денеска АМСМ и СВР Куманово.
Кумановската полиција информираше дека сообраќајната несреќа се случила во 13:12 часот на регионалниот пат кај селото Габреш, помеѓу патничко и товарно моторно возило.
Полицијата сè уште врши увид и најави детални информации за подоцна.