Нов производ е произведен во Фармацевтската лабораторија при СОЗШУ „Ѓорче Петров“- Кавадарци, информираа попладнево од оваа средношколска воспитно образовна институција.
– Учениците, идни фармацевти, заедно со своите ментори, продолжуваат со изненадувањата, изработка на нови производи, овојпат од областа на козметиката. Балсамот за усни со вкус на кокос е производот во кој се вткаени многу знаење, желба и голема љубов кон фармацијата. Пофалби за ентузијазмот и мотивираноста на учениците и менторите и ги охрабруваме да продолжат со исто темпо во наредниот период, соопштија од училиштето.
Додаваат дека ментори се Ѓорчев Блаже, Јовановска Ивана и Еленова Јасминка.