Дваесет и пет ученици од основните и средните училишта во Општина Радовиш девет месеци ќе добиваат стипендија во износ од 2.500 и 3.000 денари.

Одлуката со имињата на учениците е објавена на страницата на Општината. Според неа, 16 ученици од шесто до деветто одделение од основните училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ ќе добиваат по 2.500 денари од октомври до јуни. Покрај нив, уште четири средношколци од прва до четврта година ќе добиваат стипендија во износ од 3.000 денари.

Со одлуката на Општина Радовиш се опфатени и пет ученици по основ на социјален карактер.