Во Крушево започна реконструкцијата на спортската сала при основното училиште „Никола Карев“.

Како што информираат од Општината проектот кој чини девет милиона денари, финансиран од Министерството за образование и наука, опфаќа реновирање на салата, на тоалетите и промена на целата покривна конструкција. Тоа ќе значи подобри услови за физичко образование и спорт за учениците и надминување на проблемите.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски конечно ќе се надминат проблемите.

– Овој зафат ќе ги реши сите досегашни проблеми со покривот на салата. Старата покривна конструкција многу протекуваше, вели Христоски.