Општинската организација на Црвен крст – Струга распиша конкурс за обука на негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во рамки на проектот „Ковид-19 одговор за подобрување на социо-економската ситуација на маргинализираните лица во шест држави од Западен Балкан“, со поддршка на Австриската Агенција за развој и Австриски Црвен крст.

Обуката, како што информира секретарот на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, е сертифицирана и бесплатна, а заинтересираните, долгорочно невработени жени, може да аплицираат до 30 декември годинава на е-маил: struga@redcross.org.mk или на телефонските броеви 046/786-014 и 071/398-424.

– Заинтересираните кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат над 18 години, со општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост и да се мотивирани по обуката да бидат вклучени, како негуватели во сервисот за нега во домашни услови при општинската организација на Црвен крст – Струга, појасни Даути.