Претставници на граничните полиции на Албанија, Македонија и Црна Гора, во албанскиот град Корча одржаа трипартитна прекугранична средба, организирана од мисијата на ОБСЕ во Албанија.

Како што објави мисијата на ОБСЕ на официјалната интернет страна посебно внимание било посветено на илегалната миграција, како и начинот на справувања со пандемијата во трите земји.

– Во центарот на состанокот беа предизвиците создадени од пандемијата КОВИД-19 и справувањето со нив. Посебен акцент беше посветен на нерегуларната миграција, која иако беше ограничена за време на минатогодишниот карантин, годинава повторно се зголеми, стои во објавата.

И покрај тешките услови создадени од пандемијата, заедничките патроли меѓу граничните полиции на Албанија и Црна Гора се обновени и договорено е да се обноват и со Македонија.

ОБСЕ ќе прод лжи да ја поддржува граничната полиција во борбата против прекуграничниот криминал и во ефикасно справување со кризи.