Само четири лица со Ковид-19 се хоспитализирани во модуларната болница во Струга. Тројца од нив се со примени две дози вакцина, а еден е со една доза.

Директорот на на Општата болница Арменд Арслани информира дека засега состојбата со коронавирусот во Струга е стабилна и во последниот период има најмногу до пет хоспитализирани лица.

– Состојбата засега е стабилна. Во моментот се хоспитализирани четворица од кои најмладиот е 65 години. Само едно лице на болничко лекување е на кислородна поддршка, истакна Арслани, нагласувајќи дека овој тренд е задржан неколку недели.

Според директорот, поради непредвидливоста на вирусот и најавите на нов бран, медицинскиот персонал е подготвен и за поголем број прегледи и хоспитализации.