Приближно 200 мигранти вчера се спасени во Средоземното Море германските хуманитарни организации.

Јужно од италијанскиот остров Лампедуза спасени се 65 луѓе од екипажот на германската хуманитарна група „Лајфлајн" (Lifeline).

Во меѓувреме, екипажот на Си-Еј 4 (Sea-Eye 4) спаси околу 125 луѓе во две одвоени операции.

Мигрантите ид Африка постојано се обидуваат да стигнат до територијата на ЕУ преку море, упатувајќи се кон Италија, која е најблиску до африканскиот континент.

Околу 63.250 луѓе годинава успешно стигнале до Италија, наспроти 33.000 пред една година. Италија тврди дека е преплавена со мигранти и апелираше за помош од ЕУ, како и другите земји да примат дел од мигрантите