На 99 години почина Луциа Хириарт, вдовицата на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче.

Неколку минути по објавувањето на веста на улиците на главниот град на Чиле, Сантијаго излегоа голем број луѓе да прослават.

Диктатурата на Пиноче траеше од 1973 до 1990 година, при што над 3.000 луѓе се убиени или се водат како исчезнати одд страна на државата.