Согласно договорот за јавна набавка, денеска започна промената на прозорците во зградата на Локалната самоуправа Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Објекти кои ќе бидат опфатени со овој договор се и основните училишта ,,Страшо Пинџур” од село Дреново, ,,Страшо Пинџур” од село Возарци и ,,Тошо Велков Пепето” Кавадарци, како и амбулантата во село Возарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму нагласија дека ова е заеднички договор на општината Кавадарци со Владата и изнесува 5.534.955,18 денари.