Општина Валандово континуирано инвестира во обновување на училишните објекти на својата територија како и во подобрувањето на условите за непречено следење на наставата, истакнаа од општината и посочија дека на тој план моментно се одвиваат активности во Јосифово и Удово.

-Во основното училиште ,,Страшо Пинџур,, во Јосифово,покрај изведбата на молеро фарбачките работи,во тек е набавката на таблети и преносни компјутери за потребите на учениците и наставниците, рекоа од општината.

Од локалната самоуправа посочија дека претходно се инвестирало и во подрачното училиште ,,Страшо Пинџур,, во селото Удово каде бил инсталиран систем за парно греење,бил поставен нов ламинатен под и биле заменети старите со нови ПВЦ прозорци.

Надлежните од општината нагласија дека ќе продолжи инвестирањето во осовременување на образовните објекти со цел на сите ученици да им се обезбедат исти услови за следење на наставата.