Со свечена програма во салата „Бели Мугри“ синоќа во Велес наставниците и учениците од велешкото ООУ „Блаже Конески“ како и нивни родителите и гости го одбележаа големиот јубилеј 100 години од раѓањето на нивниот патрон на големиот Македонец Блаже Конески. Од свеченоста тие потсетија на неговите зборови со кои упатија порака „Јазикот е нашата татковина и се дури го имаме ја имаме и татковината“.
– Беа проследени низа активности на учениците изведени во текот на целата измината година преку видео-записи – презентации за животот и делото на Конески, креативна азбука составена од изработки на ученици, анкета со најмалите ученици на тема: Кој е Блаже Конески?, рецитирање на „Тешкото“ и „Везилка“. За постигнатите успеси во наставата во изминатата година, информира директорот на училиштето Јованче Манасков
Учениците го изведоа поетско-музичкиот колаж „Ракување“ според истоимената поема на Конески. Беа прочитани и повеќе мисли за овој наш великан со што му беше оддадена достојна почит. Свеченоста заврши со интерпретирање на македонската химна.
Инаку оваа велешко училиште со целодневен престој „Блаже Конески“ е едно од најголемите во земјава кое работи од 1982 година. Неговите ученици во сите изминати 39 години се меѓу најдобрите и редовно се учесници на бројни домашни и меѓународни натпревари во сите области и науки.