Најмалку 10 лица, меѓу кои осум деца, загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во малезиската држава Селангор, јави Синхуа, која се повикува на локалните служби за вонредни состојби.

Според шефот на Државната противпожарна и спасувачка служба во Селангор, Норазам Камис, судирот се случил меѓу три автомобили и камион со полуприколка. „Како резултат на инцидентот повредени се 17 лица, од кои 10 се прогласени за мртви. Еден маж и една жена загинаа, а останатите осум жртви се деца”, рече тој. Спасувачите морале да користат кран за да ја подигнат приколката од згмеченото возило и да ги извлечат повредените.