Градоначалникот на Сан Франциско прогласи вонредна состојба во градскиот округ, каде од минатата година е забележан пораст на смртните случаи од предозирање со наркотици. Овие случаи главно се поврзани со употребата на синтетичката дрога фентанил.
Квартот Тендерлоин, недалеку од туристичкиот центар Сан Франциско, е во фокусот на овој проблем.
Во просек, повеќе од две лица умираат дневно од предозирање, главно од фентанил, рече градскиот функционер Мет Хени, додавајќи дека оваа здравствена криза бара итен одговор.
Бројот на луѓе кои се предозираат во Сан Франциско драстично се зголеми од средината на 2010-тите со доаѓањето на синтетички опијати, многу помоќни од хероинот или морфиумот.
Лани имало најмногу смртни случаи од предозирање досега – 711 смртни случаи.