Француските власти од 30 јануари воведуваат з должителни засилувачки дози вакцини против ковид-19 за пожарникарите и медицинскиот персонал, соопшти денеска министерот за социјала и здравство Оливие Веран во изјава за радиото Франс Интер, пренесува БГНЕС.

– Ќе го засилиме ангажманот за да го вакцинираме медицинскиот персонал и пожарникарите со трета доза од 30 јануари, рече Веран. Според него, тоа е неопходно за да се избегне зголемување на бројот на вработени во овие категории кои не можат да одат на работа поради инфекција со Ковид и карантин по контакт со заразени. Според него, во Франција, вклучително и во парискиот регион, се идентификувани неколку кластери со новиот сој омикрон.

Земјата ќе ги откаже концертите и огнометите за новогодишната ноќ. На почетокот на јануари владата ќе расправа за предлог-законот со кој здравствените пропусници ќе се заменат со потврди за вакцинација. Поседувањето таков сертификат, издаден само на вакцинирани лица, ќе биде неопходно за пристап до институциите за рекреација и култура. Досега здравствената книшка се издаваше и по вакцинација со вакцини одобрени од ЕУ, но и врз основа на потврда за прележан вирус. Франција се справува о петтиот бран на ковид-19.