Во Чиле денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, обележани со поларизирана кампања на двајца водечки кандидати, од кои едниот е претставник на десницата, а другиот поранешен лидер на студентските протести од редовите на левицата.
Најмногу гласови во првиот круг освои Хозе Антонио Каст (55), десничар и пратеник, кој во минатото ја бранеше поранешната воена диктатура, но не успеа да го обезбеди потребното мнозинство.
Неговиот главен ривал е Габријел Бориќ (35), левичар со хрватско потекло и поранешен водач на студентските протести.
Анкетите во последните денови покажуваат дека Бориќ има предност.
Доколку тој победи, би станал најмладиот претседател во модерната историја на Чиле.