Во рамки на јавната расправа по нацрт буџетот за наредната година, градоначалникот Андон Сарамандов оствари работна средба со претседателите на месните заедници во општина Гевгелија, за да ги слушне нивните предлози и приоритетни барања за 2022 година.

Градоначалникот на претставниците од месните заедници им ги презентираше сите активности кои се планирани да се реализираат од страна на локалната самоуправа во нивните населени места а оние кои се од приоритетно значење, се веќе вметнати во нацрт буџетот.

Претседателите на месните заедници во интерес на жителите од нивните населени места, со свои предлози, идеи и забелешки, се вклучија во дефинирањето на финансиската политика на општина Гевгелија, наведувајќи го притоа како приоритет обезбедувањето на локален превоз до сите населени места и реализација на комунални и инфраструктурни проекти.

Поради актуелната здравствена состојба предизвикана од пандемијата, другите активности од јавната расправа по нацрт буџетот се одвиваат електронски, потврдија од општина Гевгелија.