Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска се одржа Отворен ден на граѓанско образование.
Општинско основно училиште „Св.Кирил и Методиј” претстави активности на нивните ученици – истражувања на тема „Загадување на животната средина” и есеј на истата тема од учениците од седмо и осмо одделение. Формирана комисија избра три најдобри есеи.
Претходно, во училишниот двор беа засадени дрвца и цвеќиња и учениците изработија контејнери за складирање отпад од хартија, пластика и стакло.
Во рамки на темата беа презентирани еко-пораки и текст за екологијата и беше прикажан драмско-музички перформанс.