Израелските министри денеска одобрија САД и Канада да бидат ставени на списокот на така наречените црвени земји во кои е забрането патувањето на Израелците поради ширењето на сојот омикрон.
Израел ретко ги става САД на таква листа, а сега тоа е направено поради зголемувањето на бројот на заразени Израелци.
Се очекува Парламентарната комисија да даде конечно одобрение за таква мерка. Изминатите недели Израел забележа зголемување на бројот на пациенти со сојот омикрон, а земјата почна да ги затвора своите граници и да го ограничува патувањето кон крајот на ноември.
Белгија, Канада, Германија, Унгарија, Италија, Мароко, Португалија, Швајцарија и Турција исто така ќе бидат на списокот на земји во кои е забрането патување.
Во Израел, повеќе од 4,1 милиони од вкупното население од 9,3 милиони ја примиле третата доза на вакцината на Фајзер/Бионтех. Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, синоќа најави дека во земјата почна петтиот бран на Ковид-19.