Во рамки на проектот на отсекот за превенција од СВР Куманово за спречување на детско престапништво „Правна социјализација на млади“ денеска ученици од средни училишта од Куманово заедно со полицијата ги посетија Центарот за социјални работи и Основниот суд за да добијат информации за работата на институциите во спречувањето на детското престапништво.
– Денеска на дневен ред беа службите на Центар за социјална работа Куманово да се запознаат со нивните надлежности и работа со малолетни лица, воедно и посета на Основен суд Куманово и подетално запознавање со работа на судија за малолетници, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.
Проектот предвидува посети на повеќе институции, едукација на млади, организирање квизови, помеѓу основците и средношколците. Целта е да се зајакнат институциите за поддршка на младите, а учениците да ги зајакнат капацитетите за рано препознавање на асоцијално однесување и навремено да побараат помош и заштита за себе и за врсниците.
Освен, функции на овие две институции младите кумановци се информираа и за користење пиротехнички средства, нивно превенирање и заштита на младите, кој се спроведува во рамки на проектот „Пиротехниката не е играчка“. Вчера едукација се одржа и во општина Липково.
Во рамки на проектот, учениците и полицијата поставија едукативен материјал со значајни пораки и прописи согласно кои оваа појава која е казнива со закон во сите училишта, угостителски објекти, јавно прометни површини, локални улици и патишта.