Во Велика Британија 12 лица починаа од сојот Омикрон а 104 се хоспитализирани, изјави министерот за правда, Доминик Раб.
– Знаеме дека (омикрон) се шири многу брзо. Во моментов имаме 104 хоспитализации и 12 починати. Но, поради доцнење во однос на податоците, не знаеме колку сериозно ќе биде тоа, изјави Раб за Радио Тајмс.
– Тој додаде дека лицата кои примиле дополнителна доза вакцина против имаат повеќе од 70 отсто заштита, со што ја оправда одлуката за забрзување на кампањата за вакцинација што британската Влада ја донесе пред осум дена.
Во Велика Британија речиси половина од лицата над 12 години примиле дополнителна или трета доза од вакцината против Ковид-19.
Вчера во Велика Британија Земјата регистрирани се над 82.886 новозаболени лица, што се припишува на сојот омикрон. Велика Британија е една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, со повеќе од 147.000 смртни случаи од коронавирусот.