Учениците во Средното општинско училиште „Јане Сандански” од Штип од денеска наставата ја следат онлајн. Директорката на регионалното медицинско училиште, Маја Гичева вели дека причина е пукната главна цевка на парното греење. Според неа, станува збор за голем дефект и затоа 734 ученици наставата ја практикуваат од дома.
Главната артерија за парно затоплување во Штипското средно медицинско училиште во петокот откажа и тоа е причина што учениците од ова училиште првото полугодие ќе го завршат низ онлајн настава. Гичева вели дека е потребно време за да се санира дефектот на системот за парно греење кој е стар 36 години и досега воопшто не е саниран