Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски информираше дека е започнато со асфалтирање на дел од улицата Христо Герасовски кое беше дел од неговото предизборно ветување.
- Денеска започнавме со асфалтирање на дел од улицата Христо Герасовски и крак од истата. Во наредниот период кој што ни претстои продолжуваме со реализација на други проекти за подобрување на животот на сите жители на Ресен и Преспа, соопшти Тозиевски.