Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Вероник Улман денеска ќе ја посети Општина Велес, каде ќе оствари средба со градоначалникот Марко Колев и со претседателот на Советот на општината, Зоран Љутков.
Како што сооппштија од Швајцарската амбасада, на средбата ќе се разговара за резултатите реализирани во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементиран од УНДП.
Дополнително, во рамки на посетата ќе се изврши и примопредавање на возило за потребите на Територијалната противпожарна единица.