Општина Неготино без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваа и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии. Така, деновиве на иницијатива на локалната самоуправа се изврши комплетно расчистување на дивата депонија пред „воениот мост“ во селото Криволак.

Според информациите од стручните служби, притоа се собрани околу 250 м3 смет, шут, градежен амтеријал и друг вид отпад и истиот е транспортиран на градската депонија Бучето.

Се апелира до населението да не се фрла отпад на несоодветни места за тоа, каде што впрочем е поставена и сигнализација, бидејќи во спротивно, секој што ќе биде фатен ќе биде санкциониран согласно Законот за управување со отпад.