Aмбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Вероник Улман заедно со претставници на УНДП денеска ја посети Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и со претседателот на Советот на општината, Зоран Љутков.
Целта на посетата беше промовирање на реализираните активности во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП.
На средбата се разговараше за постигнатите резултати за потранспарентна и поотворена општина, постигнати во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, како и за можностите за идна соработка, соопштија од швајцарската амбасада.
Се изврши и примопредавање на возило за потребите на Територијалната противпожарна единица во Велес.