Можностите за подготвување на заеднички апликации за пристап до средства предвидени во ЕУ фондовите, како и соработката во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк беа тема на разговор на денешната средба на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, со претставници на вработените во ЈУ „Национален парк Галичица”.
Во рамки на посетата на градоначалникот вработените го информираале за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.
Притоа Пецаков ја нагласил подготвеноста на Локалната самоуправа за целосно вклучување во сите процеси што се од добробит и интерес на градот, населението и заштитата на животната средина преку активностите на Националниот парк.