Општина Штип целосно ќе биде осветлена преку јавно-приватно партнерство.

Договорот веќе е потпишан со чешка фирма, а денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов оствари средба со конзулот на Чешка во земјава и претставници на фирмата.

– Да најавам еден проект за целосно осветлување на Штип, односно за осветлување на сите темни улици кои досега никогаш не биле осветлени. Во соработка со компанијата во наредните месеци Штип ќе добие еден нов сјај, подобрување на уличното осветлување, вели Јорданов.

Давид Черногроски почесен конзул на Чешка во Репиблика Македонија се заблагодари на соработката, а воедно чешката фирма е веќе застапена на македонскиот пазар и тоа работат во Охрид, Куманово и други општини.

– Би сакал да додадам дека соработката со Општина Штип и Амбасадата на Чешка е многу добра и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во тој правец, вели Черногроски.

Сопственикот на чешката компанија Јан Тума вели дека со реализацијата на проектот за улично осветлување, очекува Општина Штип да заштеди и пари и електрична енергија. Заштедните пари да ги искористи за други проекти.