Двајца шпански наркодилери се уапсени бидејќи планирале да организираат божиќна лотарија нудејќи корпи со кокаин, хашиш, алкохол, но, според традицијата, и шунка, соопшти денеска локалната полиција.
При претрес на домови на дилери на дрога во источна Шпанија, полицијата пронашла плакат со најава за лотарија со наградата „нарко-кошница“. На ѕидот бил закачен и список на оние кои купиле лозови од пет и десет евра.
При полициската акција откриени се 165 стебла марихуана, како и одредени количини кокаин и хашиш.
Во Шпанија вообичаено е да се донираат корпи со вино, шунка и слатки пред крајот на годината.