Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека жителите кои ќе ја примат третата доза вакцина против коронавирусот до крајот на годината ќе добијат 100 долари од градската управа.
– Ова ќе биде најголемата програма за стимулирње во САД, и сакам да видам како ќе реагираат њујорчани… Помогнете да го направиме целиот град побезбеден, истакна рече Де Блазио.
Тој на брифинг предупреди њујорчаните дека се очекува сегашниот бран на Ковид-19 да доведе до многу нови инфекции и дека ќе трае најмалку неколку недели. Променливиот неделен просек на случаи во градот е зголемен за речиси 123 отсто во споредба со просекот за претходните четири недели, покажуваат вчерашните податоци. Пораст од 12 проценти е забележан и кај хоспитализираните лица.
– Нема повеќе заклучувања. Поминавме низ тоа, беше поразително и не можеме повторно да поминеме низ тоа. Мораме да работиме заедно во следните неколку недели, наведе де Блазио.
Американската Влада ќе започне да испраќа бесплатни домашни тестови за Ковид-19 до секое домаќинство во земјата што ќе побара. Белата куќа се подготвува да испрати до 500 милиони комплети и ќе создаде веб-страница на која луѓето ќе можат да ги поднесуваат своите апликации.