Мајкл Флин, долгогодишен советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го тужи конгресниот комитет кој го истражува смртоносниот напад врз Капитол.
Флин во тужбата поднесена на федералниот суд на Флорида истакнува дека поканата за сведочење што ја добил од комитетот на Претставничкиот дом за истрагата за 6 јануари, го крши неговото право на слобода на говорот.
Во тужбата се наведува дека генерал Флин се соочува со непоправлива и незаконска принуда да изнесува информации и оти со сведочењето ќе го прекрши законот и неговите уставни права.