Од денеска во Бугарија почнува вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години против Ковид-19. Вакцинацијата ќе се извршува на 69 од пунктовите во државата, изјави главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев. Не е потребна согласност од двајцата родители, доволно е присуството на еден од нив.
– Вакцината за деца содржи 3 грама помалку од главната супстанција. Но, нејзината ефикасност не е помала од онаа на вакцината за возрасни, напротив – таа е 91 отсто, изјави извршниот директор на бугарската агенција за лекови Богдан Кирилов.
Вакцинираните деца ќе добијат и зелен дигитален сертификат.
Бугарија во понеделникот прими 42.000 дози од детската вакцина на Фајзер, кои беа дистрибуирани во Софија, Пловдив и Велико Трново.