Во текот на вчерашниот ден во Виница се одвиваше уште една акција за заловување на кучиња скитници, во акцијата се заловија уште 9 кучиња.
Од правниот субјект од кој се заловени истите ќе бидат третирани според Законот заштита и благосостојба на животните.
Со буџетот за 2022 година ќе ги зголемиме финансиските средства кои општината ги издвојуваше до сега за решавање на проблемот со кучињата скитници и за прв пат општина Виница ќе обезбеди и буџет за субвенционирање на стерилизација на кучиња и мачки.
Секој работен ден од понеделник до петок (08.00-16.00 часот) на телефонскиот број 071/588-882 сите граѓани можат да пријават појави на кучиња скитници, каснување и напад од куче, како и пријава за мачење и злоупотреба на кучиња.