Дефектите кои се честа појава во водоводната мрежа во студениот период од годината, предизвикаа дефект на водоводна цевка на главната улица во Кичево, од каде се создаде водоскок висок 15 метри.
Вработените од комуналното претпријатие излегоа на самото место и за час го санираа дефектот.
-Поради проблеми со вентилот на главната цевка што поминува по должината на главниот булевар, притисокот на водата во водоводната мрежа предизвика да се создаде водоскок висок петнајсетина метри, кој по нашата интервенција е саниран и состојбата се нормализира, рече Зенел Јонузи, директор на комуналното претпријатие.
Многу граѓани ја овековечија оваа несекојдневна случка со своите мобилни телефони.