Почна реконструкцијата на спортското игралиште во штипската населба „Балканска“. Градежните машини го поставуваат асфалтот, потоа ќе следи обновување на спортските реквизити.
– Почна реконструкцијата на спортското игралиште во штипската населба „Балканска“. Градежните машини го поставуваат асфалтот, потоа ќе следи обновување на спортските реквизити.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави дека игралиштето ќе биде оградено, а во него ќе има и други содржини за младите и рекреативците.
– Ќе се постават нови реквизити, со цел овој спортски комплекс добие сосема нов изглед, вели Јорданов.
Најави дека веќе се прави и Програмата за асфалтирање на улиците во сите приградски населби, со што граѓаните повеќе нема да газат во кал.
– Поголем дел од улиците, коишто имаат потреба од асфалт нема да ги асфалтираме до крајот на годината, бидејќи временските услови не ни дозволуваат. Во населба „Балканска“ има три до четири улици во должина од над два километри, кои мора да се асфалтираат, вели Јорданов.
Посочи дека во населбата се промените и сите улични светилки, но низ Штип се појавува проблем со уличното осветлување и тоа во делот на мрежата. Но, овој проблем веќе се анулира во соработка со ЕВН.